Можеби изгледа очигледно едноставно доматите да ги ставите во фрижидер кога ќе ги земете од пазар ии самопослуга, но тоа е всушност едно од најлошите места за нивно складирање.
Медлин Бујано, експерт за готвење од веб-страницата на Марта Стјуарт, рекла дека чувањето свежи домати во фрижидер ќе влијае на вкусот и може да ги оштети.
Стандардно правило е да се чуваат доматите надвор од фрижидер. Доматите содржат ензим кој реагира на ниски температури, предизвикувајќи распаѓање на клеточната мембрана и оставајќи ви парче кое е кашесто. Фрижидерот ќе ја промени текстурата на доматот, а ќе ги впие и мирисите на секоја непокриена храна во фрижидерот, што исто така ќе влијае на вкусот.
Наместо тоа, најдоброто место за складирање на незрели домати во кујната е на суво место со доволна циркулација на воздухот за да се спречи појава на мувла, но чувајте ги подалеку од директна сончева светлина бидејќи може да предизвика пребрзо зреење.
Доматите на врвот на зрелоста треба веднаш да се јадат. Сè уште зрелите домати ќе имаат корист од потоплите температури во вашата кујна (за разлика од пониските температури во вашиот фрижидер).
Чувајте ги доматите на рамна површина, како што е чинија, бидејќи кутиите може да предизвикаат плодот лесно да се згмечи и здроби или оштети, што ќе предизвика побрзо да се расипува. Погрижете се да ги чувате и доматите со стеблото надолу бидејќи тоа спречува влага и бактерии да навлезат и да ги спречи да станат мувлосани.
Доколку доматите ви се црвени и зрели и не планирате да ги користите во следните неколку дена, тогаш можете да ги чувате во фрижидер. Можеби изгледа чудно, но ниските температури го запираат процесот на зреење, така што чувањето на незрели домати во фрижидер ќе предизвика тие никогаш целосно да не се развијат, што влијае на вкусот. Од друга страна, зрелите домати веќе го имаат завршено процесот на зреење, така што постои помал ризик да се чуваат во фрижидер без да се влијае на нивниот вкус или текстура.
Меѓутоа, ако ги чувате свежите домати на кујнскиот пулт, а потоа ги преместите во фрижидер, ќе им помогнете да останат сочни и вкусни, а исто така ќе им помогне да останат свежи пет до седум дена подолго.
Фoтo: Архива