Проучувањето на историјата на физичкото здравје на една земја или регион е предизвик, бидејќи е тешко да се дојде до доследно собрани здравствени индикатори. Сепак, една неодамнешна студија на холандски научници утврдила јасна врска помеѓу здравјето на населението и една едноставна, широко забележана информација – висината на телото.
Во поголемиот дел од човечката историја, висината останала релативно стабилна. До 1800 година, просечната висина во Европа била помеѓу 165 и 170 сантиметри, но во последните 200 години се случи нешто значајно: висината, на глобално ниво, но особено во Европа, драстично се зголеми.
Многу европски земји забележале зголемување на просечната висина од над 15 сантиметри, а тоа било особено видливо во Холандија – просечниот Холанѓанец пораснал од 166 во 1810 година на 184 сантиметри денес, што е зголемување од 18 сантиметри за само два века. Холанѓаните во моментов се највисоките во светот.
Додека генетиката несомнено игра водечка улога во одредувањето на висината на поединците, оваа огромна промена во популацијата не може да се објасни само со еволуција – ако беше така, промената во висината ќе се случеше во многу подолг временски период.
Меѓутоа, во последните 200 години, Холандија, како и поголемиот дел од остатокот од светот, забележа огромно подобрување во сите аспекти на животниот стандард, од намалена смртност и заразни болести до поголема достапност на висококвалитетна храна. Затоа, нивното брзо зголемување на висината покажува јасна врска помеѓу животната средина и поздрава, повисока популација, заклучуваат научниците.
Фото: Илустрација