Поради коронавирусот и јубилејното издание на „Д фестивал“ претрпе измени…
Јубилејното 10. роденденско издание на „Д-фест” годинава поради корона кризата ќе се одржи во скратено издание, само на 22. август, потврдија денеска организаторите.
„Тој ден на главната бина во Дојран ќе настапат популарни домашни музички имиња како ‘Суперхикс’, ‘ЛД Пистолеро’, ‘Бон Праскиза’ и уште неколку, а бројот на посетителите ќе биде ограничен на 30 отсто од предвидениот капацитет“ велат организаторите.
Поради неможноста јубилејниот роденден да се прослави традиционално, со богата тридневна програма, големото официјално фестивалско издание е презакажано за 2021. година во периодот од 2. до 4. јули кога меѓу артистите, кои досега се потврдени, ќе биде и Кеј-Вај Мани, синот на Боб Марли.
„Сите кои имаат набавено билети за фестивалот до 30. јули ќе можат да присуствуваат на двете фестивалски изданија, годинашното едновневно и на големото роденденско издание догодина на кое ќе се придружат уште многу специјални гости, уметници и креативци“,велат од организацијата на фестивалот.