ЈАДЕТЕ ГИ ОВИЕ ТРИ НАМИРНИЦИ АКО САКАТЕ ДОЛГО ДА ЖИВЕЕТЕ: Тие се клучни за зачувување на здравјето и продолжување на животниот век

Истражувањата за долговечноста покажуваат дека постојат неколку намирници кои се клучни за одржување на здравјето и продолжување на животот.
Американскиот истражувач Ден Баутнер, кој ги проучувал жителите на Сините зони – области каде луѓето имаат исклучително долг животен век, истакнал три намирници кои се основа за долговечност.


Грав
Гравот е незаменлив прехранбен производ во исхраната на луѓето од Сините зони. Се препорачува да се консумираат околу 80 гр. црн грав дневно.
Оваа мешунка е богата со протеини, влакна, витамини и минерали. Редовното консумирање грав ја намалува желбата за грицки, го подобрува варењето и придонесува за здравјето на цревата.


Јатки
Луѓето кои редовно јадат помеѓу 15 и 30 ореви дневно живеат подолго во просек за околу три години во споредба со оние кои не консумираат ореви.
Јатките се богати со влакна и омега-3 масни киселини, кои се корисни за здравјето на срцето. Освен тоа, јатките имаат благотворно влијание врз микробиомот и го намалуваат ризикот од одредени болести.


Маслиново масло
Маслиновото масло е клучна компонента на медитеранската исхрана и е познато по своите корисни својства. Богато е со здрави масни киселини, полифеноли, витамини и минерали.
Редовното консумирање на маслиново масло придонесува за здравјето на срцето, желудникот, црниот дроб, како и косата, кожата и ноктите.
Истражувањата покажаа дека дури и мала количина на маслиново масло дневно може значително да го намали ризикот од одредени болести, вклучително и деменција.

Овие намирници се незаменлив дел од исхраната на жителите на сините зони, а нивното редовно консумирање може да придонесе за долговечност и зачувување на здравјето.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …