Вечерва со изведбата на претставата „Чернодрински се враќа дома“ од Младинскиот Театарски центар „Зона“ ќе биде заокружен вториот ден на театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“.
Чернодрински се враќа дома, таму каде што не е отсутен само физички, туку и духовно. Драма за метафората на трансформацијата на општеството, индивидуалните борби за смисла и припадност. Современи дијалози со симболика да се изразат сопствените чувства и идеи. Себеоткривање, сопствена историја, општество…Сето ова и многу повеќе ќе погледнеме на вториот фестивалски ден во 20:00 часот во Народен Театар-Војдан Чернодрински, Прилеп.
Се гледаме!