Изведба на монодрамата „Срам“

Организацијата на жените на општина Свети Николе ве поканува на настан каде преку емотивната моќ на монодрамата и рефлексија на истата во дискусија со публиката, ќе отвори можност каде девојките и жените ќе може да споделат свои впечатоци, свои искуства, позитивни и негативни доживувањa.

Настанот ќе се одржи во НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево, денес, со почеток во 18:30 часот.


Првиот дел ќе имате можност да се насмеете, да се препознаете, да си разјасните некои искуства со срамот, а во вториот дел отворено да разговарате за ситуации кога сте се почувствувале засрамени, омаловажени, дискриминирани….

„Монодрамата „СРАМ“ е моето простување со срамот од моето тело, од храната, од живеењето во оваа земја. Од срамот кој сум го негувала долго време, кој понекогаш не е лично мој и доаѓа од постапките на другите. Ова е моето прифаќање, заблагодарување и раскрстување со срамот. Време е срамот да оди кај некои други луѓе.“ – вели авторка и изведувачка: Ангела Стојановска.


Авторка и изведувачка: Ангела Стојановска
Креативни соработници: Милош Б. Андоновски, режисер и Ева Камчевска, драматург
Поддршка низ креативниот процес: Викторија Илиоска, изведувачка и кореографка и Билјана Радиноска, режисерка
Извршна продуцентка: Емилија Чочкова
Костим: Раде Василев
Сценографија: Мартин Манев
Времетраење: 60 мин

Перформансот СРАМ е развиван како авторски проект на Ангела Стојановска во рамки на платформата за изведувачки уметности на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО (@tiiiit.inc) – ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ.


Настанот „Шепоти во огледало“ е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата“ во реализација на ОЖОСВН и финансиски поддржан од Шведска и The Kvinna Till Kvinna Foundation.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книга „Лексикон на странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“

Во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, денес, со почеток во 18:00 …