Измерена највисоката температура во Шпанија на сите времиња

Топлотниот бран што ја погоди Шпанија во саботата резултираше со соборување на апсолутниот температурен рекорд во оваа земја, со 47,4 степени Целзиусови измерени во градот Монтор во јужната провинција Кордоба, објави во неделата државната метеоролошка агенција (АЕМЕТ).
„Ова е највисоката температура некогаш забележана во Шпанија“, рече во неделата портпаролот на АЕМЕТ, Рубен дел Кампо, истакнувајќи дека станува збор за привремени податоци, кои ќе бидат потврдени во наредните денови.
Температурата, која беше евидентирана во саботата во 17 часот по локално време, е повисока од претходниот рекорд забележан на истото место на 13. јули 2017. година. Кратко потоа, на аеродромот во Кордоба беа регистрирани 46,9 степени Целзиусови.
Топлотниот бран што ја зафати Шпанија продолжува и оваа недела со температури во неколку провинции кои изнесуваат повеќе од 4.5 степени Целзиусови.
Шпанската метеоролошка агенција посочува дека таквите температури се многу повисоки од вообичаените сезонски норми и се резултат на бранот многу топол воздух од Северна Африка.
Помеѓу 2011. и 2020. година, Шпанија забележа двојно повеќе топлотни бранови отколку во која било од претходните три децении.
Научниците веруваат дека почестите топлотни бранови се неоспорна последица на глобалното затоплување и се убедени дека тие ќе станат уште почести, подолги и поинтензивни.

Фото: AEMET


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Eксклузивен концерт на Пласидо Доминго во Скопје

Прагма Продукција во копродукција со Македонска Опера и Балет го најавува спектаклот кој ќе се …