Изложбите ,,Мал формат” и ,,МиниАРТура” во Музеј Галериј Кавадарци

Поради големиот интерес, изложбите ,,Мал формат” и ,,МиниАРТура” ќе се отворат на 11.12.2024 година од 19:00 часот во Музеј Галерија Кавадарци, и поставките ќе биидат отворени за посета до 20.12.2024 година.

Ќе бидат претставени дела во дводимензионален и тродимензионален формат – цртежи, слики, колажи, скулптури, објекти, графики и дела во други техники од членовите на уметничката асоцијација.


Малиот формат и минијатурата се чести модели на запишување на фази од процесот на реализација на ликовните дела и со тоа се дел од тековната продукција на ликовните уметници. Во тој процес и продукцијата на финални ликовни дела во помал формат е од особено значење бидејќи дава посебно место на јасната идеја, прецизноста во реализацијата на делата и актуелност на понудениот концепт.

Проектот е подржан од Министерството за култура и туризам.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Ако сум жена, не сум коњ“ – Урнебесна комедија за љубовта, очекувањата и реалноста

Урнебесната комедија за љубовта, очекувањата и реалноста „Ако сум жена, не сум коњ“ на 13 …