Изложба „Точка на спојување“ на младите уметнции Јоана Арсовска и Јана Николовска наскоро во КИЦ Битола


На  15.11.2025 сабота, во 19:00 ч. – Алтернативен галериски простор – КИЦ Битола, Офицерски дом ќе биде отворена изложбата  „Точка на спојување“ на мадите ликовни уметнции,  Јоана Арсовска и Јана Николовска.
Изложбата ќе претстави нови дела од нивното творештво, создадени во периодот после дипломирањето. Авторките се дипломирани сликари со конзервација и реставрација, и двете во класата на проф. Антони Мазневски. Јоана Арсовска истражува теми од секојдневието, додека Јана Николовска го насочува своето внимание кон спиритуалноста, теми кои ќе се обидат да ги спојат преку оваа изложба.
Алтернативниот галериски простор на КИЦ Битола се состои од три засебни простории, флуидно поврзани со што се формира една интересна целина и во исто време им овозможува на авторките да се претстават секоја пооделно со своите дела, сретнувајќи се во средишниот простор. Едната од Скопје, другата од Битола, иако различни во својот уметнички израз, во уметноста ја наоѓаат својата точка на спојување.

Јоана Арсовска и Јана Николовска се дипломирани сликари со конзервација и реставрација, дипломирале во 2023г. На Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во класата на проф. Антони Мазневски.
Своето уметничко образование го започнале во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ Скопје, на отсекот сликарски дизајн.
Во текот на нивното образование ги поставуваат основите на својот автентичен уметнички јазик и идентитет кој успешно го истражуваат и постојано надградуваат.
И двете учествувале во групни изложби, како во текот на студирањето така и после дипломирањето. Учествувале и во други значајни проекти поврзани со нивната струка
Оваа изложба е проект на ЈОУ КИЦ Битола, финансиран од Министерство за култура и туризам, како проект од национален интерес од културата за 2025.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес во  Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп беше отворена изложбата на слики од Мирослав Живковиќ

Денес во  Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп беше отворена изложбата на слики …