Збирката на Музејот на град Скопје содржи над 300 оригинални фотографии кои се собирани преку подарување или со откуп од приватни лица и колекционери.
Моменти од животот на скопјани преку оригинални фотографии од збирката на Музеј на Град Скопје ќе бидат прикажани на изложбата „За спомен и долго сеќавање“. Автори се Славица Христова, Татјана Ѓорѓиовска и Оливера Џартовска-Тачевска.
„Изложбата сведочи за минатото и ги обновува сеќавањата. Најголемиот број на прикажани фотографии се од периодот помеѓу двете светски војни 1918-1941 година, а мал дел фотографии се од периодот по војната. Изложбата го позајми својот наслов по единствената порака која ја имаат голем дел од фотографиите „за спомен и долго сеќавање“. Таа е најсуштествената интимна порака на секоја фотографија. Спомените се содружници на паметењето и често ги прелистуваме во мислите“ соопштија од Музеј на Град Скопје каде што вечер во 19. часот изложбата ќе биде отворена.
Збирката на Музејот на град Скопје содржи над 300. оригинални фотографии кои се собирани преку подарување или со откуп од приватни лица и колекционери. Изработени се во професионални фотографски ателјеа од Скопје, а дел од приватни фотоаматери. Некои од изложените фотографии се со нивната оригинална рамка, која ја следела тековната мода на опремување на фотографскиот производ.

Изложба на стари оригинални фотографии за животот на скопјани: „За спомен и долго сеќавање“
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.