Изложба на стари фотографии „Битола виа Дебар“

„Битола виа Дебар“ е насловот на изложбата на стари фотографии на битолскиот фотограф Зафир Ошавков (Дебар, 1905 – Битола, 1996) која беше отворена вчера, 12 декември, во 19:00 часот во НУ Завод и музеј – Битола.

Автор на изложбата, која ќе биде достапна за посетители до 31 декември, е Роберт Јанкулоски, универзитетски професор и директор на Македонскиот центар за фотографија.


Во рамките на изложбата ќе бидат прикажани 30 фотографии снимени помеѓу 1930 и 1945 година, изработени од оригинални негативи (стаклени плочи), кои се од колекцијата на Македонскиот центар за фотографија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Ако сум жена, не сум коњ“ – Урнебесна комедија за љубовта, очекувањата и реалноста

Урнебесната комедија за љубовта, очекувањата и реалноста „Ако сум жена, не сум коњ“ на 13 …