Во петок, на 1 декември 2023 година во НУЦК “Бели мугри” во Кочани, во Салон фоаје 1, со почеток во 12:30 часот, ќе биде отворена изложбата на дела „Карикатури“ од меѓународниот фестивал за хумор и сатира “In Vinica Veritas”.
Традиционалната манифестација МЕЃУНАРОДНИОТ Фестивал за хумор и сатира “IN VINICA VERITAS” од Виница кој годинава слави и 15 години постоење годинава се има одржано во периодот од 18 – 21 октомври 2023 година. Покрај разноликата програма редовно секоја година се реализира и конкурсот за карикатури и на истата учество имаат земено 224 автори од 46 држави со 622 карикатури.
Подолу се наградените карикатуристи:
1.Fernando Pica- Colombia
2.Qiang Lio- Cina
3.Juan Gabriel Benavides-Spain
Изложба ќе биде поставена до 07 декември 2023 година. Влезот е слободен.