Изложба на карикатури од Фестивалот за хумор и сатира “IN VINICA VERITAS” во НУ Центар за култура Крива Паланка

На 17 март (среда), со почеток во 12 часот, во НУ Центар за култура Крива Паланка ќе биде отворена изложба на карикатури од Меѓународниот фестивал за хумор и сатира “IN VINICA VERITAS 2023 “, кој го организира Домот на култура ,,Тошо Арсов” Виница.

Годинешното издание е посветено на темата „Нештата стануват возможни” , а како и секоја година, конкурсот за карикатура традиционално предизвикува голем интерес кај професионалните карикатуристи од целиот свет, што се потврдува со учество на 224 автори од 46 држави и со вкупно 622 карикатури.


Жирито е составено од интернационални и домашни претставници, а годинава за најдобри се прогласени акрикатурите на Фернандо Пица од Колумбија (прво место), Кианг Лио од Кина (2 место) и Хуан Габриел Бенавидес од Шпанија (3 место).

Фестивал за хумор и сатира “IN VINICA VERITAS” од Виница прват е востановен во 1993 година, но згаснува при крајот на 90-тите години од минатиот век. Се обновува во 2009 година кога добива и меѓународен акрактер и годинава слави 15-годишен јубилеј. Тој е еден од најпознатите и најинтригантни фестивали за карикатура, кој секоја година има различна интересна тема што е вистински предизвик за карикатуристите од целиот свет.


“IN VINICA VERITAS” е поддржан од Министерството за култура, а изложбата во НУ Центар за кутура од Крива Паланка е дел од манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024″.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кинотека во рамки на проектот „Сезона на филмски класици“ ќе го реставира филмот „МИС СТОН“

Кинотека ова година ќе го реставира филмот МИС СТОН на Жика Митровиќ, во рамки на …