Изложба на фотографии и промоција на книгата – „Треперење“ од Боро Рудиќ

Вечерва, во Младинскиот Културен Центар во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии и ќе биде промовирана фотографската книга „Треперење“ од Боро Рудиќ.

Преку оваа изложба и фотомонографија, авторот истражува можност за редефинирање на перцепцијата на естетиката во однос на традиционалните норми. Природата е најчестиот мотив во фотографијата, често окована со одредени правила и табуа кои ја обликуваат нашата визуелна перцепција. Што се случува со нашата перцепција како набљудувачи (или фотографи) кога излегуваме надвор од зоната на удобност и ја гледаме природата на сосема поинаков начин? Оваа изложба има за цел да ги предизвика воспоставените визуелни концепти, поттикнувајќи ги гледачите да ја преиспитаат и да го реинтерпретираат она што го сметаат за естетско во природниот свет.


Изложбата тежи кон ослободување од стандардните канони на убавина, овозможувајќи нов поглед на природата преку иновативни и неконвенционални техники на фотографирање. Преку овој проект, авторот се надева дека ќе се отвори дијалог за флексибилноста на естетските норми и ќе се поттикне креативно размислување надвор од традиционалните рамки.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

3 изјави кои ги кажуваат само нарцисите и што всушност значат: Внимавајте бидејќи зад комплиментите се крие нешто сосема друго

Ајде да погледнеме неколку примери на реченици кои често ги кажуваат нарцисите, со објаснување за …