Изложба „Боите на Св. Трифун низ сликите на ликовните уметници од Македонија“ во Кавадарци

Во Музеј-галерија Кавадарци, денес, во 19:00 часот, ќе биде отворена традиционалната ликовна изложба со наслов „Боите на Св. Трифун низ сликите на ликовните уметници од Македонија“.

Во рамките изложбата посетителите ќе можат да видат 76 сликарски дела и шест скулптури на 39 ликовни уметници. Делата се изработени со најразлични техники, како: масло на платно, акрил, цртеж на хартија, комбинирана техника, скулптура итн.


Дел од имињата на учесниците на изложбата се: Стефан Хаџи-Николов, Решат Амети, Милан Андов, Трајче Чатмов, Синиша Кашавелски, Микица Трујкановиќ, Горјан Ѓорѓиев, Владимир Темков, Касиопеја Наумовска, Томе Мишев и други.

Музеј-галеријата Кавадарци изложбата ја реализира во соработка со Министерството за култура и туризам и Општина Кавадарци во чест на верскиот празник Св. Трифун.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Балканско патување“ и гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска со настап во Софија

Регионалното претставување на музичкиот проект „Балканско патување“ на гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска започнува вечерва, …