“Ја пееше и промовираше Северна, а сега Северна за тебе не постои”, “Да ја сакаше толку многу Македонија, немаше да живееш во друга држава”, “Лицемерна си”, се само дел од коментарите на македонската јавност, откако естрадниот магазин „Бекстејџ”, го објави интервјуто, односно изјавата на нашата Тијана Дапчевиќ каде што вели:
” Мојата земја отсекогаш и засекогаш ќе биде само Македонија, Р.Македонија. Редовно се случувало да ме најават како пејачка која живее и твори кај нас повеќе од 25 години, а доаѓа од Северна Македонија. Јас им велам без Северна. Јас сум музичар, мојата политика и партија е музиката и тоа никогаш нема да го сменам ” .
Токму оваа нејзина изјава предизвика бура од реакции и револт кај граѓаните, бидејќи наводно порано Тијана пеела за Северна, а сега е против истото. Коментарите не стивнуваат, а граѓаните бараат Тијана да се извини, па јавно да побара прошка.