ИСТЕРАЈТЕ ГИ КОМАРЦИТЕ И МРАВКИТЕ: Сè што ви треба е нешто што обично го фрлате

Трик вреден злато…
Наместо разни хемиски препарати за борба против напорните комарци – користете стар талог од кафе. Стариот сушен талог од кафе е одличен во борбата против комарците.

1. Соберете го талогот од кафе и ставете го на алуминиумска фолија што сте ја ставиле во чинија. Ставете го на ладно и суво место и почекајте додека не се исуши целосно.


2. Ставете ја фолијата со сувиот талог од кафе на рамна површина на отворено, како на пример маса. Погрижете се животните или децата да немаат пристап до таа област.

3. Талогот запалете го со кибрит додека не почне да чади.


4. Талогот полека ќе гори, а чадот што ќе се создаде ќе ги избрка сите комарци.


Друг начин е да ги обликувате остатоците по должина, како барут. Запалете го остатокот на едниот крај и нежно ќе изгори. Овој едноставен трик функционира одлично.

Покрај комарците, мравките можете да ги избркате и со талог од кафе. Посипете мелено кафе или талог на местата каде што имате проблеми со мравките и проблемот ќе биде решен.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПОВЕЌЕ ОД 2.600 ИСПИТАНИЦИ – Истражувањето открило психолошка особина кај луѓето која е поврзана со неверство

Неверството е една од главните причини зошто луѓето ги прекинуваат врските. Но, она што е …