ИСКУСТВА – Правилото 3х3 кое ќе ви го спаси бракот!


Родителството ја менува секоја врска
Откако минале цел месец испробувајќи го правилото 3х3, парот бил изненаден од тоа колку им се смениле животите, а исто така тврдат дека незадоволството што полека го уништувало нивниот брак исчезнало.
Родителството ја менува секоја врска. Времето кое обично го поминувате заедно се претвора во непрекината низа задачи што ги извршувате хронично уморни и на работ на нервите. Како резултат, станувате раздразливи, па расправиите со вашиот партнер стануваат почести.
Во таков магичен круг се нашле една мајка која анонимно го споделила своето решение за проблемот на Kidspot.
Таа речкла дека и двајцата биле уморни, а потоа еден ден нејзиниот сопруг отишол непланирано да спие среде ден, додека децата биле будни. Следела расправија, а неколку часа подоцна, кога децата веќе спиеле, нејзиниот сопруг предложил 3х3 правило, што му го кажал пријател, кој бил кај советник за брак.


Тоа правило вели дека секој родител добива три часа во текот на неделата што се само за нив. Тие три часа може да се искористат одеднаш, но исто така можат да се разделат, единствено што е важно е секој родител да го помине тоа време сам, правејќи што сака.
Покрај тоа, парот треба да одвои дополнителни три часа што би биле само за нив како двојка. Може да биде состанок во град или може да биде околу половина час секоја вечер кога децата ќе спијат.
„Го користиме правилото веќе еден месец и бевме шокирани од тоа колку работите се променија. Нешто многу подлабоко се случи, целото незадоволство, тој тивок карцином што го јадеше нашиот брак, едноставно исчезна“, рекла таа, додавајќи дека бидејќи знаела дека ќе има време за себе, таа автоматски станувала помалку лута ако некој би ја прекинел во читањето на пораки на мобилен телефон или нешто слично.

Фото: Илустрации


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На третото издание на Global Azure Skopje, ИТ заедницата во Македонија се обедини за настраданите од пожарот во Кочани

Во саботата, 10 мај 2025 година, во просториите на InnoX иновативниот центар во Скопје се …