Искористете ги деновите од викендот и посетете ја Националната галерија, и објектот Даут пашин амам, во кој е изложбата на Вангел Коџоман.
Одлична изложба која дефинитивно вреди да се погледне.
Галеријата работи секој ден во неделата, освен во понеделниците, од вторник до недела, од 10-18 часот.
Влезницата чини 100 денари.
Можете да набавите и одличен каталог посветен на оваа изложба и делото на Коџоман по цена од 700 денари.
Националната галерија ве очекува!