Ирска музичарка – Причината за смртта на Шинејд О’Конор е објавена една година откако таа почина


Причината за смртта на ирската музичарка Шинејд О’Конор е објавена една година откако таа почина.
Во потврдата за смрт, која во Лондон ја доставил нејзиниот поранешен сопруг Џон Рејнолдс, пишувало дека таа починала од хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) и астма.
Таа боледувала и од инфекција на респираторниот тракт, што придонело за нејзината смрт. Таа почина на 26 јули 2023 година на 56-годишна возраст. Веста потоа ја потврдија членовите на нејзиното семејство.
„Со голема тага ја објавуваме смртта на нашата Шинејд. Нејзиното семејство и пријателите се уништени. Бараме приватност во овој многу тежок момент“, напишаа тие.
Таа ги откажа сите настапи во јуни 2022 година за да се грижи за сопственото здравје откако нејзиниот син Шејн изврши самоубиство на 17-годишна возраст. Таа беше активна на социјалните мрежи, а многу луѓе и испраќаа пораки со поддршка.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Споделила видео – Кога Чола ти пее под прозорецот: Оперската пејачка била воодушевена, мислела дека халуцинира

Оперската пејачка Тамара Раѓеновиќ на TikTok сподели интересна сцена што ја доживеала по пробата за …