Интервју со Огнен Шапковски, Мелем Продукција – Секогаш следиме што се промените во светот во делот филмска индустрија и гледаме да сме во чекор и да понудиме и сработиме видеа со висок квалитет

Огнен Шапковски е музичар, режисер и сопственик на „Мелем“ продукција, продукцијата која ги изработува најдобрите ТВ и интернет реклами, музички и корпоративни видеа со некои од најдобрите компании во Македонија. За почетоците, предизвиците, идните планови и уште многу интересни теми поразговаравме со Огнен а вие уживајте во интервјуто подолу.

Веќе долги години успешно водите една од најдобрите видео продукции кај нас. Како дојдовте до идејата да започнете со Мелем Продукција и со какви се предизвици се соочувавте на почетокот?


  • Идејата за отварање на продукција беше тука од почетокот, но за реализација треба искуство, тим и клиенти. Додека напроно работев на стекнување искуство во неколку наши продукции и телевзии паралелно работев и музички видео спотови и се развивав и на тоа поле. Некако спонтано со работата, искускуството кое се стекна се направи и тим од луѓе и бев подготвен да ја почнам мојата приказна и да ја отворам Мелем Продукција. Мелем продукција е една успешна приказна веке 10 години и се надевам уште многу повеќе.

Од каде црпите инспирација за вашите проекти?


  • Секој проект е различен. Најчесто идејата и инспирацијата се раѓаат при разговор и насоки со клиентите . Нивната идеја и желба ги претворам во видео запис. Понекогаш кога немам испирација собирам тим со кои при креативни дискусии се развива идејата.

Работите истовремено на повеќе проекти. Како успевате да менаџирате? Како се справувате со поставените рокови? Дали сето тоа е стресно и каква улога игра тимот за навремено и успешно да се заврши одреден проект?

  • Тимот и добра организација се клучни за навремено исполнување и завршување на еден проект. Искуството и работата не научија како да менаџираме повеќе проекти истовремено и да исполнуваме рокови, кои скоро секогаш доаѓат како дел од проектот.


Во време на брз технолошки прогрес, како успевате да држите чекор и да останете во тек со најновите трендови и техники во видео продукцијата?

  • Секогаш следиме што се промените во светот во делот филмска индустрија и гледаме да сме во чекор и да понудиме и сработиме видеа со висок квалитет. Секој спот е различен и своја приказна, затоа при секое снимање се надградуваме со идеја и техника. Може да кажам дека следниот преиод ќе посетам семинар во Кина за размена и стекнување на нови искуства и запознавање на кинеската филмска технологија и индустрија.

Најинтересна локација на која сте снимале?

  • Како најинтересна локација на која сме снимале можам да ја издвојам изгрејсонце на Меденица, над Галичник од спотот Слушам кај шумат шумите.

Креативноста и оригиналноста се забележливи во секој ваш проект. На кој проект сте најмногу горд?

  • Сите видео записи имаат посебно место во мојот живот и кариера и се посебни бидејки секој е различен, но морам да го издвојам како посебна гордост мојот прв краток филм ,, Си беше еднаш еден звук“.

„Си беше еднаш еден звук“ е ваш прв и засега единствен краток филм. Како се решивте на овој чекор и дали можеби размислувате за некој нов ваков проект, можеби долгометражен филм?

Секако дека размислувам многу на тоа поле и сакам да работам на филмови. Веќе имам две нови сценарија за краток филм и во изработка е сценариото за долгометражен игран филм. Планот е доколку добијам од филмски фонд за краток филм следно да конкурирам и за долгометражен и да продолжам по тој пат.

Интересно е да се спомене дека членувавте во метал бендот „Dedicated for life“. Какви спомени имате од тој период? Каква музика слушате во слободно време и дали сеуште ја следите македонската алтернативна сцена?

  • Dedicated for life беше многу оддамна тоа беа почетоците во музиката и во видео продукцијата за мене. За Dedicated for life го изработив мојот први видео запис со кој ми се роди љубовта кон музички видеа. После тоа имав уште неколку музички проекти Baza 903 за кои изработивме два виедео записи и направивме едно гостување во телевизија , Janzza која е комбинација drum n Bass, метал со примеси на етно за која напишав сценарио за краток филм. Имам издадено една балада на руски јазик со бендот Мелем песната се вика Ѕвезда. Во моментов сум активен и креирам со бендот To Ashes, се надевам наскоро ќе излеземе и ќе се преставиме пред македонската публика.

Што ново можеме да очекуваме од Мелем Продукција и кои се вашите идни планови?

  • Плановите за во иднина се да се реализираат сценаријата за филмовите и да се одговри на секој предизвик што ќе дојде.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на истакнатиот македонски историчар на уметност и публицист Димитар Ќорнаков

Проф. д-р. Димитар Ќорнаков е роден во 1927 година во Стојаково, Гевгелиско. Тој беше македонски …