Интерактивна прошетка „Скопје, големото бегство“

Перформансот „Скопје, големото бегство“ е имерзивна претстава и аудио-визуелно искуство кое ја ангажира публиката низ дел од заборавените места во Скопје, каде низ колективна прошетка се отвараат прашања за општествената димензија на јавните простори.
Градот и Реката се во непрекината, турбулентна дискусија околу која жителите го населуваат ова променливо, понекогаш ирационално место кое го перцепираат како свој дом.

Дали тоа претставува вечна љубовна приказна или приказна за борбата како ова место да се направи прифатливо за живот.
Пријави се на следниот линк  https://forms.gle/xX7TCVeRD77DgXkz6 и дознај!


Термини:
27.10 (петок) 15:30h
28.10 (сабота) 12:00h

Збирна локација: Плоштад Слобода, Дом на култура „Кочо Рацин“ (поранешно Дом на градежници).


Перформансот „Скопје, големото бегство“ е креиран во рамки на проектот “Public Spaces Re:claimed” кој е кофинансиран од Европска комисија од програмата Креативна Европа.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 24.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Работата оди во насока која вам ви одговара, само треба да бидете трпеливи …