Интерактивен концерт „Фамилија Металковци“

Денес со почеток во 18:00 часот, во книжарницата на  „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ во рамките на фестивалот за литература и општа култура „Видик“ ќе имате можност да го проследите интерактивниот концерт насловен „Фамилија Металковци“.

Настапуваат: Стефан Илиев (труба), Јордан Колевски (труба), Благоја Василевски (хорна), Никола Ристевски (тромбон) и Александар Ниниќ (туба)


„Фамилија Металковци“ е едукативен концерт на музичарите од групата лимени дувачки инструменти во оркестарот на Македонската филхармонија. Преку овој интерактивен проект музичарите ја запознаваат помладата публика со специфичноста и карактерноста на секој од инструментите што припаѓаат на оваа оркестарска група.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Кинотека на Македонија ќе се одржи проекција на документарниот филм „Време на бетон“

Во Кинотека на Македонија, вечерва со почеток во 20:15 часот, ќе биде прикажан македонскиот документарен …