Имал јаки болки – На Милиќ Вукашиновиќ му била ампутирана ногата, итно опериран

Музичарот Милиќ Вукашиновиќ по силните болки кои ги трпел со денови лекарите итно го оперирале и решиле да му ја ампутираат ногата до коленото.
Како што пренесува Телеграф, Вукашиновиќ е опериран вчера и моментално е во стабилна состојба. Милиќ Вукашиновиќ на крајот на минатата година минал неколку недели во болница поради срцев удар, но поради компликациите кои настанале, поминал осум дена на одделението за интензивна нега.
Тој исто така морал да оди на итна операција на ногата поради заразување со бактерии стекнати во болница, а за својата борба јавно проговори во август.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Milic Vukasinovic (@vukasinovic_milic)


„Ја оперирав левата нога. Ми вградија вештачка вена, а требаше да се оперира и десната. Ми останаа четири аневризми кои не се премногу големи. Меѓутоа, сега ме боли десната нога, стапалото. Отидов кај истиот хирург кој ми направи скенирање и рече дека не може да се оперира затоа што имам лоши крвни садови. Ако не успеам да го вратам крвотокот во таа нога, постои опасност. Ризично е да се отвори ногата, бидејќи би морала да се отсече во случај да не успее“, изјавил тој за српските медиуми.


Лекарите планирале да му вградат стентови, но тоа не било можно поради неговата состојба.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Деновиве излезе од печат дебитантскиот роман „Неочекувано“ на авторката Ана Мовска

„Неочекувано“ од Ана Мовска – роман за сино-зелените алги на Марс и во Дојранското Езеро. …