„Илика“ слави прв роденден


Една година?! Навистина?! Нам времето ни мина бргу и како вчера да го славевме отворањето… Но, точно е: нашата кафе-книжарница Илика денес го слави својот прв роденден!

Првиот е секогаш незаборавен, па затоа ве каниме да дојдете и да прославиме заедно. Во пријатниот зимски амбиент во книжарницата ќе можете да ги разгледате најновите наслови од различни издавачки куќи, а во дворчето да се вратите во детството со неколку познати и лесни игри што тематски ги прилагодивме на најпопуларните книги и автори/ки во „Илика“.


На менито повторно ќе има греено винце и топли безалкохолни напитоци, а ние ќе се погрижиме и да ве заблажиме со вкусни домашни колачиња. Ве очекуваме, ви се радуваме и едвај чекаме, се вели во објавата од книжарницата „Илика“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Елеганција во црно: Кејт Мидлтон од глава до пети во една боја со посебен детаљ на реверот

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон за прв пат присуствувала на одбележувањето на Денот на примирјето, …