И’ легендарниот Жељко Бебек овој август доаѓа во Охрид – 21. август, Антички театар

Како што најавија Авалон продукција еден по еден ги пополнуваат термините за концерти, а за концертот на Жељко Бебек на 21. август во Охрид велат:

„Драги пријатели и љубители на стариот нормален живот,


Големо задоволство ни е да ве информираме дека покрај Амира Медуњанин, Дарко Рундек и Екипа, Авалон Продукција потврди уште едно големо име кое доаѓа во Антчки во Охрид, во последиот квартал на ова лето.


Еден од најголемите пејачи на Балканот на сите времиња, легендарниот Жељко Бебек, со којшто бевме приморани да ги откажеме двата речиси распродадени концерти во Македонската филхармонија, а кои требаше да се одржат на крајот од месец март, овој пат ќе одржи свој концерт на 21-ви август во Охрид на отворено.

Жељко Бебек со неговиот бенд ќе ни овозможи во навистина раритетниот простор на Античкиот театар, конечно да ги слушнеме во живо безвременските хитови од „Sanjao sam noćas da te nemam“, „Sve će to o mila moja prekriti ruzmarin snjegovi i šaš“, „Selma“, „Ima neka tajna veza“, „Doživjeti stotu“…, потоа „Oprosti mi što te volim“, „Laku noć, svirači“…, па сѐ до актуелните песни од последниот албум на Бебек “Ono nesto nase” како “Ako volis ovu zenu”, “Ljubav ko iz pjesme” и други, со кој ги наполни буквално сите концертни сали во регионов.


Билетите ќе бидат пуштени во продажба онлајн во среда на 15-ти јуни во 09 часот наутро, а од четврток и во Avalon Music and Ticket store во ГТЦ и на продажните места во мрежата на Авалон низ земјава по следниве цени и категории:


ТРИБИНИ – 1.000 денари

ВИП – 1.500 денари

Потсетуваме дека капацитетот на Антички ќе биде намален за 50 %, согласно протоколите за одржување на јавни настани на отворено, а во продажба ќе бидат пуштени само 1.200 влезници. Влезот за сите посетители задолжително ќе биде со заштитни маски.

ВАЖНО: Сите оние што сè уште ги чуваат билетите за концертите во Македонската филхармонија, ќе може да го гледаат Бебек во Охрид open air со истите влезници, заменети за ВИП влезници. За деталите околу ова, ве молиме да не` контактирате во инбокс.

Доколку не ви одговара охридскиот термин, со истите билети ќе може да го гледате Бебек во Скопје во Македонската филхармонија, во февруари 2021 година.

Одиме понатаму,Авалон Продукција“

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хуманитарен концерт на 6 октомври во НОБ „Во спомен на љубовта за Данче”

„Во спомен на љубовта за Данче” – насловот на јубилејниот хуманитарен концерт закажан на 6 …