Андреј Ѓоргиески, еден од членовите на дуото ДНК, им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани. Веста за неговата смрт Телма ја дознава од неговото семејство. Исто така музичарот Филип Стевановски од Куманово- придружен член на дуото ДНК загинал во пожарот што ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани, јавува штипската телевизија Тв Стар.
Од бендот на ДНК, неколку членови го загубија животот во пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна утринава пред 3 часот.
Меѓу нив се Андреј Ѓорѓиески од групата ДНК кој имал тешки изгореници и се обидувал да им помогне на гостите кога избувнал пожарот.
Сара Пројковска, професорка на Факултетот за музичка уметност и придружен вокал на „ДНК“,
Филип Стевановски, клавијтурист во ДНК и директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ и Фестивалот за детски песни „Весело штурче“.
Александар Коларов, гитарист во „ДНК“
Тапанарот Ѓорѓи Горгиев од Струмица
Фотографот Александар Ефремов, кој ги следеше Андреј и Панчо на скоро сите настапи низ државава.
Извор: ТВ Стар