Хуманитарна изложба „Портрет на еден архитект“

Денес со почеток од 13:00 часот во НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани, ќе биде отворена хуманитарната изложба „Портрет на еден архитект“, во чест и спомен на архитектот Александар Гицов.

Гицов како архитект остави значаен белег во Кочани. Неговите стручни и уметнички способности беа препознаени и одликувани со Награда за животно дело од Општина Кочани. Неговото архитектонско творештво опфаќа бројни проекти низ македонските градови. На настанот ќе бидат изложени модели на дел од неговиот творечки архитектонски опус.


Воедно, оваа изложба има хуманитарен карактер, со цел собирање на средства за донација на училишен прибор на учениците од социјално загрозените семејства.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

По седми пат ќе се одржи манифестацијата „Убави сме, свои сме”

Денес во НУЦК ” Антон Панов ” во Струмица, со почеток во 19:00 часот, по …