ХРВАТСКА ГОРИ: Повеќе од 1.100 новозаразаени со коронавирус

Во Хрватска е повторно соборен нов рекорд на бројот на новоинфицирани со коронавирус.
Во Хрватска, повторно беше соборен нов рекорд во бројот на новоинфицирани, пренесува телевизијата Н1. Во последните 24. часа во Хрватска се регистрирани дури 1.131 нов случај на инфекција.
Во последните 24. часа, во Загреб се евидентирани 231. нов случај на инфекција со корона, изјавил директорот на Наставниот институт за јавно здравје „Андрија Штампар“, Звономир Шостар, за Н1. Ова е најголем број на заразени лица во главниот град за еден ден од почетокот на епидемијата.
898 лица се во самоизолација.


Вчера Хрватска објави рекордни 794. новоинфицирани, додека 211. пациенти се регистрирани во Загреб.
Поради зголемувањето на бројот на заразени, најавени се нови мерки, вклучително и таканаречениот „семафор на корона“.



Семафорот на епидемијата би имал четири бои: зелена, жолта, портокалова и црвена. Целта е, следејќи го примерот на повеќето земји од ЕУ, да се усвојат јасни, нумерички критериуми за секоја „боја на епидемијата“ што е можно поскоро и мерките што би ги следеле во случај да се исполнат овие критериуми. Најчесто користени критериуми се просечниот број на заразени на 100.000 жители во текот на 14. дена, проследено со смртност и процентот на позитивни во вкупниот тестиран број.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Украинка отворено по мечот на АО ја „плукала“ Русија, па открила зошто не се ракува со колешките

Украинската тенисерка Елина Свитолина се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен, откако денеска во Мелбурн …