Денес, во Театарот за деца и младинци во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе биде изведена детско-играна претстава „Хајди“, работена според романот на Јохана Шпири.
Режија: Драгана Гунин
Драматизација: Драгана Лукан Николовски
Хајди претставува едно од класичните дела на детската литература. Десетици пати филмувана и драматизирана приказна за девојчето кое го наоѓа своето место под сонцето на планината, прегрната од природата. Хајди претставува приказна за надежта и пријателството, за убавината на природата и чувството на слобода која ни ја дава таа. И покрај тоа што станува збор за приказна која се случува во едно друго време, Хајди ни зборува за основните, примордијални чувства и потреби на децата, а со тоа и на сите луѓе. Потребата да се припаѓа и да се биде дел од природата, тој огромен организам во кој сите ние совршено се вклопуваме во моментот кога ќе се соголиме од она што ни го наметнува општеството. Хајди е приказна која не посетува на тоа дека природата, пријателството и надежта, можат да ја излекуваат душата и телото, да ни помогнат дури и тогаш кога не сме свесни дека ни е потребна помош. Со ова ново читање, се обидовме да го ослободиме ова дело од сите нишки кои на денешните деца може да им бидат далечни и да ја прикажеме сликата за искреното и чисто пријателство, вгнездено во чистата природа, моќно да направи чуда за кои луѓето немаат одговор.
Играат:
Ангела Димитрова
Петар Стојанов
Наташа Петровиќ
Владимир Лазовски
Ана Левајковиќ Бошков
Изабела Новотни
Музика: Ади Имери
Костимографија: Елена Вангеловска
Сценографија: Кирил Василев
Дизајн на плакат и брошура: Андреј Павлов
Фотографија и видео материјал: Емил Петро
Билетите може д ги набавите на: www.puppet.com.mk