Гран при за Никола Ристановски на фестивалот во Никшиќ

Никола Ристановски е добитник на наградата гран при за најдобра машка улога на 18. Меѓународен фестивал на актерот, Никшиќ 2022, Црна Гора, за улогата д-р Стокман во претставата „Народен непријател” во режија на Нина Николиќ.

This image has an empty alt attribute; its file name is nikola-ristanovski.jpg
Оваа награда му ја додели жирито во состав: Тања Бошковиќ, претседател, и Славиша Чуровиќ и Тања Перишиќ, членови. Таа е трета награда по ред за истата улога по оние на МТФ „Војдан Чернодрински”, Прилеп, и на фестивалот „НОВ ТВРДИНА ТЕАТАР”, Србија. Истовремено таа е и уште една театарска награда во низата награди која тој ја добива, а со тоа е и најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Работилница и промоција на книгата „Водич за ослободување од тага“ на Билјана Пешева во Куманово

Денес, со почеток во 18:00 часот, во книжарницата Booksy во Куманово, ќе се одржи работилница …