Градоначалникот на Општина Куманово, му додели општествено признание за посебни постигнувања на Академскиот ликовен уметник м-р Зоран Арсовски – Бабата


На годинашнава свечена седница на Општина Куманово по повод “11 Ноември” денот на ослободувањето на Куманово, Градоначалникот Максим Димитриевски додели Благодарници на истакнати личности од различни области и професии, кои дале свој допринос во општеството.

Годинава Благодарница за високото општествено признание за посебни постигнувања од областа на култура и уметност Градоначалникот на Општина Куманово, му додели на Академскиот ликовен уметник м-р Зоран Арсовски – Бабата.


Арсовски е современ авангарден визуелен уметник кој има реализирано многу Меѓународни самостојни изложби и проекти. Исто така има учествувано на повеќе групни изложби, ликовни колонии, симпозиуми, како и уметнички фестивали во земјава и странство. Арсовски има изградено свој оригинален и уникатен сликарски стил препознатлив во уматноста. Тој е познат по неговите концептуални изложби и дела кои секогаш ги претставува преку визуелните сцени создавајќи нови теми на сликарското платно кои даваат еден широк поглед на светот и се што се случува во него. Тоа е она за кое многумина историчари на уметноста го вбројуваат во уметници кои делата ги создава со многу енергија и филозофски погледи кон иднината. Остварил многу значајни проекти и изложби од област на култура и уметност преку кои повеќепати ја претсавувал нашата држава Македонија и Општина Куманово во домашни и светски рамки. За својата работа има добиено повеќе награди, плакети, дипломи, благодарници и признанија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ЛУКА ДОНЧИЌ СТАНА ТАТКО ПО ВТОР ПАТ: Славел во Словенија

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, стана татко по втор пат Неговата свршеница Анамарија …