Град Скопје со предупредување: Бидете внимателни при посетите на Водно – зголемен ризик од пожари поради високите температури

Поради зголемениот ризик за локални пожари од високите температура  и портокаловата фаза со која е зафатен регионов,  Град Скопје апелира до сите граѓани при посета на планината Водно, другите излетничките места и шумите да бидат внимателни со отпушоците од цигари, да одбегнуваат палење оган на отворено, како и други активности кои можат да предизвикаат несакани пожари.

Денеска е евидентиран ваков пожар на планината Водно, под месноста Марково крувче. Во моментов на терен интервенира Противпожарната бригада на Скопје со 9 возила и екипи од ЈП „Паркови и зеленило“, а причината за пожарот е човечки фактор.


Воедно доколку забележите пожар Ве замoлуваме веднаш да пријавите во Противпожарната бригада на тел. 193 или во Центарот за управување со кризи, на тел. 195.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Читаме боса нова со „Акварела“ квартет

„Литература.мк“ во партнерство со радиото „Џез ФМ“ организираат низа музички настани во новото Café Literatura …