ГОЛЕМ УСПЕХ НА АНДИ ИСМАИЛИ: Стана светски шампион во современ танц за деца

По успешниот настап на скопскиот „Dance Off“, младиот Исмаили продолжува со успеси…
Анди Исмаили од танцовото студио „I Dance” од Гостивар е новиот светски шампион во категоријата современ танц соло, категорија деца, на Светското првенство кое се одржува во Осса, Полска.

Победничката кореографија со наслов „Don’t answer the phone” е дело на Андријана Петковски од „Брејк а Лег”, додека тренери на Анди се Вулнет Незири и Сарита Селмани од танцовото студио „I Dance”.
Следен предизвик за овој исклучително талентиран танчар е Европското првенство во џез, современ и класичен балет кое ќе се одржи во Скопје во Национална опера и балет.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На овие хороскопски знаци оваа година ќе им здосади да плачат од среќа – ги очекуваат само добри вести!

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …