*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Месечниот хороскоп за јули 2024 година предвидува дека ќе уживаат сите знаци од Зодијакот.
Нептун владее со музиката, уметноста, танцот, фотографијата, визиите, соништата, илузиите и колективното несвесно. Запишувајте ги вашите идеи и соништа.
Овен
Вашите шанси и можности се зголемуваат. Ќе имате убави средби и нови познанства, но и големи амбиции. Ќе откриете скриени таленти. Ако сте во врска, вашиот партнер ќе го доведе во прашање своето место во вашиот живот. Ќе мора да вложите напори или да се жртвувате за љубовта. Кон средината на месецот атмосферата ќе биде тензична. Ќе ви биде досадно на работа бидејќи вашиот ум е фокусиран на нешто друго. Копнеете за одмор. Некој ќе ви помогне да заработите повеќе, предвидува месечниот хороскоп за јули 2024 година.