Годишен концерт на Културно уметничкото друштво Таше Милошевски

Во Спортската сала во Ресен, вечерва, со почеток во 19:00 часот ќе може да уживате во годишниот концерт на Културно уметничко друштво Таше Милошевски од Ресен.

Мноштво кореографии, музика, шаренолики народни носии и весела младина која ја негува и чува од заборав нашата традиција и култура. Така накратко може да се опише овој годишен концерт.


Во низата кореографски постановки, на Годишниот концерт е вклучена и една премиера, станува збор за “Невестинско”. Во неговото изучување помогна идолот на многу играорки, Александра Петрова, која е долгогодишна истакната играорка и солистка во “Националната Установа Танец”.

Културно уметничко друштво Таше Милошевски од Ресен, Република Македонија постои од 1945 година. Во негови рамки работат повеќе групи кои ја негуваат старата македонска песна и македонската фолклорна уметност.


Со анимирање на фолклорното богатство започнуваат со најмладите членови кои се на возраст од 6 до 8 години. Повозрасните во своите групи започнуваат да ги изучуват и изведуваат фолклорните кореографии, со цел во наредната диференцијација да бидат веќе подготвени да учествуваат на детски фолклорни фестивали до 14-годишна возраст.

Ансамблот за народни песни и игри користи мошне богати и оригинални традиционални носии за сите сплетови кои ги изведува, носии кои изобилуваат со рачно изработени везови и други орнаменти, со што се збогатува вкупниот впечаток при изведбата.


Културното наследство, материјално и нематеријално, со својата разновидност и посебност е богатство на човештвото, а неговата заштита е еден од најзначајните показатели за препознавање, дефинирање и афирмација на културниот идентитет.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …