Докторот Лоренс Д. Пиро открил како изгледале последните моменти од животот на актерката Шенен Доерти, која почина на 13 јули на 53-годишна возраст.
„Во нејзините последни часови и беше многу удобно, спиеше и беше опкружена со многу блиски пријатели. Во собата имаше избрана група пријатели кои и даваа многу внимание и поддршка. Беше мрачно и тажно, но во исто време убаво и полно со љубов. Најтешко е што таа не беше подготвена да замине бидејќи го сакаше животот“, изјавил тој за списанието People.
Зборувајќи за болеста изјавил дека таа храбро се борела до последен момент.

„Во последниот разговор што го имавме, таа беше во процес да сфати дека работите значително се променија. Разговорот беше за љубов, поддршка, грижа и продолжување на борбата. Сакаше да продолжи со лекувањето иако нејзината физичка состојба се влоши. Тоа е она и’ што го направивме“, рекол тој.
За потсетување, во март 2015 година ѝ беше дијагностициран рак на дојка. Лекарите и рекоа дека и остануваат уште пет години живот откако тој метастазирал во лимфните јазли.
Во април 2017 година, таа објави дека болеста е во ремисија. Во февруари 2020 година, таа откри дека ракот се вратил и дека е во четврта фаза. Метастазирал во мозокот и коските.
Фото: Принтскрин/Instagram
ekran платформа за слободоумни