Galaxy Z Flip5 – кралот на селфи фотографиите!

Веќе и правењето фотографии со мобилен телефон не е она што беше. Сега во тренд се што понесекојдневни фотографии, и колку фотографијата е „пооткачена“, толку повеќе лајкови и воодушевувања ќе собере на социјалните мрежи. И тука настапува Samsung со својата последна линија на Galaxy телефони на преклоп, а токму преклопливата функција е она што на Galaxy Z Flip5 му дава високо оптимизирани перформанси за фотографирање. Со овој телефон без проблем ќе ги фатите кадрите од најдобрите агли благодарение на функциите FlexCam и новата Flex Hinge за практично фотографирање без раце, како и поголемиот Flex Window кој е совршен за поставување селфи во реално време.

 Како да го искористите максимумот од вашиот Galaxy Z Flip5 и да направите епски фотографии?


Задната камера е идеална за фотографирање секаков вид фотографии — вклучително и селфи. Со FlexCam функцијата ќе можете да снимите јасни фотографии со висока дефиниција користејќи ја задната камера од 12 MP дури и кога телефонот ви е преклопен. И  најмалите детали совршено ќе се вклопат во сликата благодарение на 3,4-инчниот Flex Window кој воедно ќе ви овозможи пристап до битните алатки како што се режимот на тајмер, фото во движење, поставките за соодносот и др., и сето тоа директно од екранот.

По селфи сесиите често пати завршувате со стотици фотографии во галеријата и ги барате фотографиите од најдобрите и воодушевувачки агли. Со практичниот брз преглед на Galaxy Z Flip5 ќе можете да се движите низ снимените фотографии на Flex Window екранот и да ги обележувате омилените или да ги бришете сликите со едноставно допирање на копче.


Со функцијата Flex Mode ништо нема да недостасува на вашите слики


Често пати кога фоторафираме, сакаме секој детал и од позадината на објектот во фокус да го фатиме. Токму ова ќе ви го овозможи  Flex Mode на Galaxy Z Flip5 со флексибилност да го приспособите аголот на телефонот и да снимите прекрасни фотографии со целиот објект заедно со позадината.Вашиот Galaxy Z Flip5 може да биде отворен под различни агли, па така можете да уживате во неспоредлива флексибилност за да се сликате во која било позиција или поставка, додека широкоаголниот објектив во Flex Mode е идеално ќе ја акцентира висината на субјектот. Многу често најоптималниот агол ќе го наоѓате со поставување на телефонот на подот полуотворен во форма на шатор, и ќе го прилагодите на Flex Window.

 Совршени групни селфи фотографии, било кога, било каде

Galaxy Z Flip5 како да е создаден за групно селфи фоткање. Нема нешто полесно, бидејќи откако ќе го поставите полурасклопен на одредена површина, тој стои сам без потреба од тежок статив или дополнителна опрема. Поставката за ултра широк објектив беспрекорно ги сними сите објекти во кадарот за врвни групни фотографии. И тука имате уште една неверојатна опција: поврзете го вашиот паметен часовник Galaxy Watch6 со Galaxy Z Flip5 и го имате наједноставниот процес за правење на групни селфи фотографии, без потреба да станувате, туку ќе можете од вашиот зглоб да ја контролирате камерата, да зумирате и одзумирате или да поставуваат тајмери.

За искуството со селфи фотографии да биде уште позабавно, а воедно и професионално, тука е и функцијата Dual Preview на Galaxy Z Flip5 со која во реално време ја гледате својата селфи фотографија на Flex Window екранот кога подготвувате портрет. Исто така, со овој телефон се прават и оние селфи фотки кои во моментов се тренд на социјалните мрежи наречени „селфи во огледало“ кои го доловуваат и корисникот и неговиот или нејзиниот екран на паметниот телефон во одразот на огледалото.

Разбирливо е дека со сите одлични можности кои Galaxy Z Flip5 ги нуди со своите камери, создавањето на содржини се подигнува на следно ниво чиј краен резултат се видеа или фотографии какви до сега немало. Па така, и креаторите на содржини кои се почетници, и секако искусните влогери и инфлуенсери со овој телефон постојано откриваат нови начини за уште позабавни и попривлечни фотки и видеа. Обидете се и вие – закачете го или поставете го вашиот на Galaxy Z Flip5 на некој објект во близина и снимете видеа различни агли. Или пак, нека вашите видеа бидат од гледна точка во прво лице со тоа што ќе го прицврстите уредот на дел од облеката додека се движите или додека извршувате некоја активност и преку камерата гледачите на видеото ќе бидат во центарот на дејството.

Имате сé уште време да ја искористите и промотивната понуда за Galaxy Z Flip5

Уште малку време останува до истекот на промоцијата со која при купување на Galaxy Z Flip5, Galaxy Z Fold5, или пак еден од серијата Galaxy S23, ќе добиете уште еден телефон на подарок, и тоа Galaxy S21 FE. Зошто да немате два телефони? Исто така, ако се одлучите за часовник од серијата Galaxy Watch6, добивате таблет Galaxy Tab A8 на подарок. Разгледајте ја целата понуда тука, и побрзајте бидејќи промоцијата трае до 10 ноември.

Повеќе информации за Galaxy Z Flip5, како и за часовникот Galaxy Watch6 прочитајте на следнитe линкови:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip5/

https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-40mm-gold-bt-sm-r930nzeaeuc/

https://www.samsung.com/mk/offer/buy-one-make-two-happy/

 

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На денешен ден беше роден големиот хрватски музичар Оливер Драгојевиќ

Оливер Драгојевиќ бил роден во Сплит на 7 декември 1947 година. Тој беше еден од …