Galaxy S25: Вештачката интелигенција што ја обликува иднината на мобилната технологија

Samsung повторно ги поместува границите на мобилната технологија со својата нова серија Galaxy S25, која доаѓа со револуционерниот систем на функции со вештачка интелигенција Galaxy AI. Овој интелигентен асистент не само што ги засилува перформансите на новите модели Galaxy S25 Ultra, Galaxy S25+ и Galaxy S25, туку и ги интегрира иновативните функции кои го прават вашето секојдневие поедноставно и поефикасно. Со Galaxy AI, вашиот телефон станува побрз, поинтуитивен и со целосно прилагодено искуство, притоа задоволувајќи ги сите ваши лични и професионални потреби.

Galaxy AI системот на функции е дизајниран да се адаптира на вашиот животен стил. Од моментот кога ќе започнете да го користите вашиот нов уред од серијата Galaxy S25, благодарение на вештачката интелигенција, тој ќе почне да ги разликува вашите навики и потреби, овозможувајќи ви поефикасно да ги обавувате секојдневните задачи. За оние кои сакаат секогаш да бидат организирани и информирани, Galaxy S25 серијата нуди иновативни функции како Now Brief и Now Bar, кои ви даваат брз пристап до важни информации како состаноци, потсетници, нотификации и сé што ви е потребно со само еден допир. Овие функции значително го олеснуваат управувањето со времето и ја зголемуваат продуктивноста, бидејќи вашиот телефон автоматски ги препознава задачите што ги обавувате најчесто и ви ги поставува приоритетите во согласност со тоа.


Galaxy S25 серијата е одлична и за вашата продуктивност, бидејќи вклучува напредни функции за мултитаскинг кои ја олеснуваат секојдневната комуникација. Со подобрената функција Пребарување со заокружување (Circle to Search), можноста за брзо пребарување на телефонски броеви, е-пошта или веб-страници е едноставна и интуитивна, додека функцијата Транскрипција на повик (Call Transcript) ги организира вашите разговори и создава белешки, што значително ја подобрува ефикасноста при управувањето со комуникацијата. Во светот на креативноста, Galaxy S25 ви нуди и дополнителни алатки како Помош при пишување (Writing Assist) и Помош при цртање (Drawing Assist), со кои ќе создавате професионални документи и визуелни содржини без напор и без потреба да менувате апликации.


Но, перформансите на Galaxy S25 не се ограничени само на продуктивноста – оваа серија поставува нови стандарди и во фотографијата и креирање видеа. Со напредните сензори и интегрираната технологија на Galaxy AI, вашиот телефон ќе го претвори секој момент во уметничко дело. Системот ProVisual Engine зајакнат од процесорот, автоматски ги оптимизира фотографиите, создавајќи идеален баланс на бои и осветленост, што овозможува фотографии и видеа кои изгледаат како да се професионално уредени, и тоа без дополнителни апликации. Камерата од 50 MP ќе го овековечи секој момент со неверојатна јасност, дури и во услови на слаба осветленост. Благодарение на Audio Eraser, непотребните звуци ќе бидат елиминирани, а со Galaxy Log и новите филтри, вашите видеа ќе бидат налик кинематограски дела. Ќе уживате и во деталите, бидејќи Galaxy AI системот автоматски го препознава осветлувањето и го прилагодува, овозможувајќи ви да добиете природни и детални портрети, без потреба за дополнително уредување.


Покрај својот впечатлив дизајн и перформанси, Galaxy S25 серијата исто така се грижи за вашата приватност и безбедност. Galaxy AI ги заштитува вашите лични податоци со помош на Personal Data Engine, кој анализира вашиот стил на користење и ви дава персонализирани препораки, додека Samsung Knox Vault ги шифрира и чува вашите податоци безбедно од неовластен пристап.

Galaxy S25, Galaxy S25+ и Galaxy S25 Ultra се не само напредни уреди што ги интегрираат најновите технолошки иновации, туку и ви овозможуваат персонализирано искуство што се прилагодува на вашиот животен стил. Ова е телефон кој ќе ви помогне да ја направите секоја задача полесна, попродуктивна и полнa со креативни можности.

Уредите се веќе достапни во малопродажба кај нас, а можете и веднаш да ги нарачате онлајн: Galaxy S25 | Galaxy S25+ | Galaxy S25 Ultra.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Никола Џими Петровски: За фушерајот и кратењето ќошеви, вниманието насочете го на друго место, пошто верувајте музичарите не си идат дома со тие екстра пари

Љубовта кон музиката и нејзиното споделување со публиката пред се е тоа што не води …