Фронтменот на популарниот бенд Бора Чорба е во тешка состојба, ставен е на респиратор

Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на групата Рибља чорба е во тешка состојба, а е приклучен на респиратор.
Пејачот се наоѓа во болница во Љубљана, а неговиот менаџер откри детали за неговата здравствена состојба.
„Состојбата на Бора Ѓорѓевиќ се влоши, тој е на респиратор и не може да се изврши никаква операција“, изјавил Бане Обрадовиќ, менаџер на групата Рибља чорба.


Фронтменот на Рибља чорба пред три дена беше задржан во болница во Љубљана поради проблеми со белите дробови.
„Бора е во болница, се ќе знаеме за 24 часа. Засега имаме само информации дека се работи за тешко воспаление на белите дробови, семејството е информирано за се“, изјавил тогаш Бане Обрадовиќ, менаџер на групата.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Учениците во Виница со 59 балони и 16 минутен молк ќе ги испратат своите врсници

Со 59 балони и 16 минутен молк. Ученици од виничката гимназија „Ванчо Прќе“ се собираат …