Фотографии без филтри – Хрватска инфлуенсерка покажала како изгледа нејзиното тело откако ослабела 20 килограми: „Кожата сепак ќе ви се опушти“


Хрватската инфлуенсерка Мери Голдбашиќ на Инстаграм сподели неретуширани фотографии во костим за капење, покажувајќи ја трансформацијата по ослабените 20 килограми, а нејзината објава привлече големо внимание.
Голдбашиќ објави фотографии на кои покажува како изгледа откако многу ослабела, позирајќи во бикини за време на нејзиниот одмор во Маурициус.
„Никој не ги побара овие слики, всушност погрешните луѓе ќе се ‘блујат’ од помислата на шкембето. Само да прашам, каде се сега овие луѓе кои ме обвинуваат дека го земам Оземпик, бидејќи не гледам никаква сличност меѓу мене и, да речеме, Кристина Агилера”, се пошегувала инфлуенсерката.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Meri Goldašić (@merigoldasic)


Таа открила дека нејзиното патување за слабеење трае веќе година и пол и истакнала: „Навистина сè уште го сакам своето тело, моите две омилени суштества растеа во мојот стомак“.
Таа продолжила со посочување дека често имаме нереална слика за себе и поставуваме цели кои се превисоки, но дека сепак треба да уживаме во процесот.
„Потсетување дека доаѓа лето и не мора да се изгладнувате, вашата кожа и онака ќе ви се опушти и ќе бидете уште повеќе фрустрирани затоа што веднаш нема да имате рамен стомак со плочки. Потребно е време и уживајте во процесот, е**ш сè што треба на сила. Ние Балканците не сме за тоа“, истакнала таа.
Инфлуенсерката беше пофалена за овој потег, изјавувајќи дека изгледа совршено без разлика на опуштената кожа, но и потенцирајќи дека е потребна храброст да се објави реална слика од вашето тело во светот на филтрите на Инстаграм.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕОАЛАРМ НЕДЕЛНА АНАЛИЗА: Следува развој грмотевични облаци!

Метео прогноза на Славчо Попоски Во текот на новата седмица која ни претстои, односно во …