Ѕвездата на „Пријатели“, Мет Лебланк е снимен за време на едно ретко појавување во јавноста откако се откажа од кариерата во Холивуд и моментално води застапништво за половни автомобили во Лос Анџелес.
Она што особено го привлекува вниманието на обожавателите на култниот ситком е физичкиот изглед на актерот, кој по многу нешта се разликува од оној на серијата.
Од 1994 до 2004 година, Мет го толкуваше ликот на Џои Трибиани во саканиот ситком, во кој глумеа и Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Дејвид Швимер и покојниот Метју Пери.
Reclusive Matt LeBlanc pictured grocery shopping amid major career change https://t.co/MkE7ZxCqnc pic.twitter.com/3H7jmnYyrc
— Daily Mail Online (@MailOnline) December 12, 2024
По завршувањето на серијата, тој се појави и како измислена верзија на себе во серијата „Џои“, пред да се појави на Top Gear од 2016 година.
Неговото последно појавување на екранот беше во 2021 година кога тимот на „Пријатели“ се собра за специјална епизода.
Минатиот месец беше откриено дека тој ја подигнал својата љубов кон автомобилите на повисоко ниво со инвестирање во RPM Motorcars, чиј косопственик е од 2020 година, како што објави Daily Mail.
Последниве години Мет ретко се појавуваше во јавноста, но неодамна бил фотографиран како пазари во Лос Анџелес. Со некој килограм вишок и во лежерно издание, фановите тешко го препознале.
Мет претходно за Entertainment Tonight изјави дека „во моментов одзема малку слободно време“ и дека ужива да не прави ништо.
Фото: Принтскрин/X