Ѕвездата од серијата „Емили во Париз“, актерката Лили Колинс, не греши кога е модата во прашање, како и ликот што го толкува…
Лили синоќа се појавила на премиерата на „The Devil Wears Prada: The Musical“ во гламурозен златен фустан до подот. Фустанот на Лили Колинс е дизајниран од модната куќа Вивиен Вествуд, а таа одлично истакнала колку е згодна.
Гледаме дека и понатаму е наклонета на краткиотпаж, фризурата која годинава го освои светот.
На Лили (35) и се придружил нејзиниот сопруг, американскиот филмски режисер и сценарист Чарли Мекдауел (41), со кој се омажила во 2021 година.
Лили со години се борела со анорексија
Актерката неколку пати јавно проговори за нејзината борба со нарушување во исхраната, поточно анорексија. Во својата автобиографија таа детално опишала низ што поминала бидејќи чувствувала голем притисок што и е наметнат од забавната индустрија. Како што рекла, се борела со анорексија, булимија и опсесивно вежбање.
Сепак, тие денови се зад Лили сега, и таа изгледа подобро од било кога.
Фото: Принтскрин/Instagram