И’ по раскинувањето, тениската двојка продолжи да се натпреварува заедно, а златниот медал го прослави со прегратка и бакнеж на теренот.
Овие Олимписки игри, освен по одличните спортисти и нивните резултати, ќе останат запаметени и по романтични сцени – од запросување, до бебиња и помирување по раскинувањето. Чешките тенисери Катерина Синијакова и Томаш Мачац се најдоа во центарот на вниманието не само поради тоа што се одличен пар на теренот, туку и поради нивната љубовна приказна.
Раскинаа само еден месец пред Олимпијадата, но тоа не ги спречи да стигнат до финалето, каде што го освоија златото.
Тие го прославија златниот медал со бакнеж и прегратка, по што почнаа да кружат гласини дека се помириле.
View this post on Instagram
Тие се во врска од 2020 година, а по нивното неодамнешно раскинување, многумина се прашуваа дали ќе се појават заедно на Олимпијадата. „Точно е дека раскинавме, но тоа е наша приватна работа. Ние сме професионалци и ќе продолжиме да играме“, изјавил тогаш чешкиот тенисер.
Откако го освоија златниот медал, новинарите сакале да дознаат дали имало помирување, но Чехинката вешто го избегнала одговорот: „Сакаме кога сте збунети“, додека нејзиното поранешно/сегашно момче се надоврзало со шеговит коментар: „Тоа е строго доверливо“.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram