(ФОТО) „Златна Бубамара на популарноста“: Стенд-ап настапи за паѓање од смеа

Во недела, 2.март, на Канал 5, во 19.30 часот ќе биде емитувана снимката од годинешната „Златна Бубамара на популарноста“ на која, покрај оригиналните музички точки се издвоија и „одговорните“ за смеа…
И оваа година, стенд-ап настапите од Златната бубамара на популарноста долго ќе се прераскажуваат. Во времето на вештачката интелигенција – успеавме чесно да се изнасмееме на природната глупост.


Сашко Коцев останува и натаму маестрален во своите комични промислувања на светот околу нас – од грипот до кинескиот робот-правосмукалка.

Актерот Тино Костадиновски, годинава без Атанас Атанасовски, со кој вообичаено настапува во тандем, имаше одличен соло-настап.


И’ младиот Жарко Јовановиќ почнува да се одомаќинува на сцената на Златната бубамара.


Најголем предизвик за стен-ап настапите и оваа година беше политичката сцена и сите што ја сочинуваат. Зашто, старото правило вели – и кога не сакате да се занимавате со политика, политиката се занимава со вас.

Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ботаника Урбана кафана е идеално место за релаксација со пријателите

Ботаника Урбана кафана е идеално место за релаксација со пријателите, награда за по напорен период. …