Златан Ибрахимовиќ и Хелена Сегер се запознале во 2002 година. Оттогаш, тие поминале низ се, од медиумски бури до родителство. Сепак, и покрај повеќе од 20 години заеднички живот и двата сина, Максимилијан и Винсент, нивната врска никогаш не била крунисана или официјализирана со брак.
View this post on Instagram
Хелена, поранешна шведска манекенка, а денес успешна бизнисменка и актерка, не е типична „сопруга на фудбалер“. И не само затоа што одбива да ја нарекуваат така, туку затоа што е решена да не се вклопи во таа слика.
Златан во негов стил еднаш признал: „Таа е единствената што ме разбира. Можеме да зборуваме за се“.
Меѓутоа, меѓусебното разбирање не било доволно за Хелена да се согласи на неговото запросување.
Ненадејно запросување – и уште поголемо изненадување како одговор
View this post on Instagram
Во интервју за британскиот новинар Пирс Морган, Ибрахимовиќ првпат отворено проговорил за моментот кога ја запросил Хелена – и кога доживеал одбивање.
-Јас и реков: „После 20 години заслужуваш да бидеш во брак со мене“ – тврди Златан дека и рекол на својата животна сопатничка. – Таа рекла дека не мора да е мажена за мене за да биде со мене. Таа е силна, многу силна. Мислам дека тоа е кул, таа доби уште поголема почит од мене бидејќи не морам постојано да победувам.
View this post on Instagram
На прашањето дали повторно би ја запросил мајката на неговите синови, Златан одговорил:
– Не. Имаше шанса, нема да добие друга – рекол фудбалерот.
Фото: Архива