(ФОТО) Заборавената ќерка на Том Круз – Сури е „копија“ на мајка си!

Сури Круз е се’ послична на мајка си Кети Холмс. Фотографија од девојчето, кое неодамна го прославила 13. роденден во друштво на најблиските пријателки во Њујорк го потврдува тоа.


Ќерката на Том круз е висока скоро колку мајка и, а со неа дели и други физички карактеристики. Значајни разлики пак се забележуваат дури во нивниот моден стил.
И’, додека Кети Холмс во приватните моменти е посклона кон лежерни комбинациина облека кои се базираат на фармерки или широки панталони, Сури од најрана возраст преферира да носи фустани.


За прославата на роденденот избрала розов фустан и патики во иста боја на брендот Golden Goose,додека целата комбинација „ја подигнала“ со палто во пастелна сина боја и со дамска чанта на дизајнерката Сузан Александер.



Нејзината мајка се одлучила за панталони во беж боја, морнарска маичка и рамни чевли.

Инаку, нејзиниот татко, прославениот глумец Том Круз со години нема никаков контакт  со Сури,со единственото биолошко дете. Том Круз строго ги следи советите од Саентоилошката црква кои му наложиле да ги прекине сите контакти со својата ќерка Сури која повеќе од 7. години го нема видено (во живот) својот татко.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Седмо издание на проектот „Добри гости“ – серијата на книжевни гостувања продолжува во Прилеп

Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, во соработка со „МА Продукција“ од Прилеп и „Култура …