(ФОТО) За неа зборува цел свет: Жена положила возачки од 960 обид – „Никој не можеше да и каже да се откаже“

Ча за полагање потрошила дури 12.500 евра, а конечно после 15 години успеала да добие возачка дозвола.
Ча-Са-Сун од Јужна Кореја стана вирален хит кога беше откриено колку е решена да го положи возачкиот испит.
Како што пишува Daily Mail, Ча на полагање потрошила дури 12.500 евра, а конечно после 15 години успеала да добие возачка дозвола дури по 960 пат.
Писмениот дел од испитот првпат го полагала во 2005 година, но и таму не била успешна и го положила дури во 860. обид. А кога успеала да ја положи теоријата, почнала со практичниот испит кој и бил нов предизвик.
Таа успеала да положи после 15 години. Како што пренесува Dailu Mail, Ча била упорна во намерата да добие возачка дозвола, а после се, му олеснило и на нејзиниот инструктор.


-Кога конечно положи, сите почнавме да ја гушкаме, и купивме цвеќе. Се чувствуваме како да ни е тргнат голем товар од грб. Никој од нас не можеше да и каже да се откаже, таа беше многу упорна – рекол тој.

Фото: Илустрација


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ГО ПРОСЛАВУВАЛ РАЃАЊЕТО НА СИНОТ: Трагичната судбина на млад татко од Кочани

ТОШЕ Богданов (30) од Кочани го славел раѓањето на својот син и трагично загинал во …