Илјадници млади кинези во текот на викендот го преплавиле аква-паркот во централниот кинески град Вухан, каде минатата година избувна епидемијата со коронавирус, „жедни“ за забава, бидејќи животот во тој град полека се враќа во нормала.
Се одржала забава на отворено, но судејќи според фотографиите и снимките, не би се рекло дека се почитува физичката дистанца.
Популарниот аква парк во Вухан бил исполнет со млади луѓе во костуми за капење. Поминаа повеќе од осум месеци од првиот потврден случај во овој град, кој беше епицентарот на инфекцијата и во кој беше спроведен најстрогиот карантин во светот. Сепак, иако последиците од епидемијата сè уште се чувствуваат во Вухан, според фотографиите од базенот не би рекле дека некогаш поминале низ она што тука се случило, пренесува BBC.
VIDEO: 🇨🇳 Crowds packed out a water park over the weekend in the central Chinese city of #Wuhan, where the #coronavirus first emerged late last year, keen to party as the city edges back to normal life pic.twitter.com/SJFBmx5sU8
— AFP news agency (@AFP) August 17, 2020
Аква-паркот, кој според локалните медиуми, бил исполнет со половина од вообичаениот капацитет, исто така понудил попуст од 50. проценти за жени.
Првите познати случаи на ковид-19 беа забележани минатата година во Вухан, град со 11. милиони луѓе, после што вирусот се прошири ширум светот, убивајќи, според сајтот worldometers.info, 775.000 луѓе. Инфицирани се скоро 22. милиони луѓе. Поради затворањето, не се загрозени само националните економии, туку и светската економија.
Во Вухан, карантинот беше укинат во април, а од средината на мај досега немаше официјално потврдени случаи на инфекција во провинцијата Хубеи, од кои Вухан е главен град.
За зајакнување на локалната економија, владата на Хубеи понудила бесплатен влез на 400. туристички места на нејзина територија.
Кина во голема мерка ја совлада епидемијата на коронавирус, но повремените жаришта и тешките летни поплави продолжуваат сериозно да ја загрозуваат нејзината економија.