(ФОТО) Во САД – Фустаните и кралските предмети на принцезата Дијана продадени на аукција за повеќе од четири милиони евра

Колекцијата на предмети кои некогаш биле во сопственост на членовите на кралското семејство, вклучувајќи ги и фустаните и белешките на принцезата Дијана, е продадена на аукција во Калифорнија за повеќе од четири милиони евра.
На продажбата биле прикажани повеќе од 200 предмети, а аукционерите ја нарекле како најобемна колекција на лични предмети на Дијана откако таа одржала своја хуманитарна аукција два месеци пред нејзината смрт во 1997 година.
„Феноменалните резултати од денешната историска аукција одржана само неколку дена пред роденденот на принцезата Дијана покажуваат зошто Дијана е и секогаш ќе биде една од најомилените и инспиративни културни фигури во светот“, рече Мартин Нолан, ко-основач и извршен директор на Julien’s Auctions.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Julien’s Auctions (@juliens_auctions)


Вечерна тоалета од свила и чипка без раменици, дизајнирана од британскиот дизајнер Виктор Еделштајн, која Дијана ја носеше во Лондон и Германија во 1987 година, беше на врвот на продажбата од 910.000 долари, четири пати повеќе од првичната проценка.
Британскиот дизајнер Еделштајн дизајнирал други фустани за принцезата Дијана, а еден од најпознатите е виолетовиот вечерен фустан без прерамки што принцезата Дијана го носела за кралски портрет во 1991 година. Овој фустан минатата година беше продаден за 576 илјади евра.


Во меѓувреме, синиот фустан без прерамки на дизајнерот Мареј Арбеид, кој принцезата Дијана го носеше двапати во 1986 и 1987 година, исто така ги надмина проценките. Фустанот е продаден за 729 илјади евра, што е речиси четири пати повеќе од проценетата цена.
На аукцијата беа прикажани и повеќе од 20 рачно напишани писма, белешки и честитки од принцезата Дијана.

„Овие извонредни облеки, чевли и додатоци не само што оставија модно влијание, туку и ја покажаа нејзината топлина и хуманост што ја направи Дијана најпопуларна и најголема икона на кралскиот стил на сите времиња“, наведено е на аукцијата.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во Мароко – Прв пат во јавност: Шон Пен со 34 години помладата партнерка блеснал на филмскиот фестивал во Маракеш

Шон Пен (64) за прв пат се појавил на црвениот тепих со својата нова девојка, …